Бројот на невработени во Велес намален за 8 илјади

Bez autora
Jul 25 2013

Бројката на невработени во Велес драстично се намали и тоа за осум илјади лица кои се избришани од евиденцијата во Агенцијата за вработување. Според официјалните податоци објавени на интернет страната на Агенцијата за вработување, на крајот на јуни, со новата методологија, од 10.914 бројката се намали на 2.990 невработени, што е за осум илјади помалку регистрирани од пред шест месеци. Со овие бројки општина Велес во која влегуваат и општините Градско и Чашка, влегува во рамките на државниот просек според невработеноста. Од Агенцијата истакнуваат дека вака големите разлики се поради новата методологија и начинот на барање работа на невработените. Сега како официјално невработени се прикажани само лицата кои во својот формулар пополниле дека се активни баратели на работа.

Бројот на невработени во Велес намален за 8 илјадиБројката на невработени во Велес драстично се намали и тоа за осум илјади лица кои се избришани од евиденцијата во Агенцијата за вработување.

Според официјалните податоци објавени на интернет страната на Агенцијата за вработување, на крајот на јуни, со новата методологија, од 10.914 бројката се намали на 2.990 невработени, што е за осум илјади помалку регистрирани од пред шест месеци. Со овие бројки општина Велес во која влегуваат и општините Градско и Чашка, влегува во рамките на државниот просек според невработеноста.

Од Агенцијата истакнуваат дека вака големите разлики се поради новата методологија и начинот на барање работа на невработените. Сега како официјално невработени се прикажани само лицата кои во својот формулар пополниле дека се активни баратели на работа. Останатите кои се изјасниле како пасивни и дека најмногу се пријавуваат за сини картони се избришани од графите.

Меѓутоа, за разлика од документите во Агенцијата, на терен ситуацијата засега е непроменета. Факт е дека бројката на невработени е намалена и поради тоа што немал број велешани, посебно млади, за парче леб ја напуштија Македонија и заминаа во повеќе европски земји, а некои и во Австралија, Канада и Америка. Оние што останаа и понатаму чекаат поголема странска или домашна инвестиција, што беше најавена со цел заживување на економската слика на Велес и за вработување на невработените. Засега нема ништо од најавите дека во индустриската зона Речани 2 ќе се отвори фабрика која ќе произведува делови за потребите на автомобилската индустрија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik